СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО На Табановце се чека околу 30 минути

АМСМ апелира на внимателно возење поради можност од одрони на повеќе патни правци низ земјата.

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО На Табановце се чека околу 30 минути
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта низ Македонија се одвива непречено по суви коловози, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Табановце, поради поголем број возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.

Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на делниците каде што постои можност од одрони. Зголемена претпазливост се препорачува на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Потсетуваат и дека од 15 април патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за сите возила со вкупна маса до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This