СОНЧЕВО И ТОПЛО Температурите ќе достигнат до 35 степени

Сончево време со мала до умерена облачност, а во западните делови и долж Повардарието ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер.

СОНЧЕВО И ТОПЛО Температурите ќе достигнат до 35 степени
Фото: Национал

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 7 до 35 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој повремено ќе засилува, особено во западните делови од земјава, од западен правец, додека долж Повардарието ќе дува ветер од југоисточен правец.

Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен југоисточен ветер.

CATEGORIES
Share This