СОНЧЕВО И ТОПЛО СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 35 СТЕПЕНИ Попладне можни дожд, грмежи и невреме
Во делови од земјата се очекува локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и можна појава на град.

Фото: Национал
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе се движи од 13 до 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови се очекува изолирана појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. На одделни места процесите може да бидат поинтензивни и да прераснат во невреме со пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во одделни делови од котлината постојат услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
CATEGORIES Македонија


