СОНЧЕВО И ТОПЛО, НО СЕ ЗАКАНУВА НЕВРЕМЕ Попладне пороен дожд, грмежи и град

Температурите ќе достигнат до 37 степени, но локално се очекуваат силен ветер и невремиња, особено во попладневните часови.

СОНЧЕВО И ТОПЛО, НО СЕ ЗАКАНУВА НЕВРЕМЕ Попладне пороен дожд, грмежи и град
Фото: Национал

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и температури од 16 до 37 степени.

Во текот на денот, наместа ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, временските процеси може да прераснат во невреме, со пообилен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во одделни делови од Скопската Котлина се можни и невремени со силен дожд, ветер и услови за појава на град.

CATEGORIES
Share This