СОНЦЕ И ТЕМПЕРАТУРА ДО 40 СТЕПЕНИ Македонија повторно во топлотен бран

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, а во Скопје температурата ќе достигне 39 степени.

СОНЦЕ И ТЕМПЕРАТУРА ДО 40 СТЕПЕНИ Македонија повторно во топлотен бран
Фото: Принтскрин

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурите ќе се движат од 16 до 40 степени.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура во главниот град ќе достигне 39 степени, воздушниот притисок ќе изнесува 978 hPa, влажноста 25 проценти, а ветерот ќе достигнува брзина од 3 m/s. УВ-индексот ќе биде 9, што означува многу високо ниво на УВ-зрачење.

CATEGORIES
Share This