СОНЦЕ И 33 СТЕПЕНИ Но метеоролозите предупредуваат на еден детаљ
Температурите ќе се искачат до 33 степени, но североисточниот ветер повремено ќе биде засилен

Фото: Национал
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Температурата ќе се движи од 9 до 33 степени. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, кој поизразен ќе биде долж Повардарието и во источните делови од земјата.
Во Скопје се очекува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
CATEGORIES Македонија


