СОМНИТЕЛНИ ОБЛОЖУВАЊА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ – ФФМ ги сподели дописите од УЕФА

Случаите се однесуваат на дуели со индикативни уплати во обложувалници.

СОМНИТЕЛНИ ОБЛОЖУВАЊА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ – ФФМ ги сподели дописите од УЕФА
Фото: Принтскрин

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) јавно ги објави дописите од Одделот за интегритет при УЕФА кои се однесуваат на сомнителни натпревари во домашниот фудбал, каде се забележани индикативни уплати во обложувалници.

Станува збор за следните натпревари: Башкими – Шкендија (1:3), Струга Трим Лум – Башкими (6:0), Работнички – Охрид (8:2) и Охрид – Тетекс (4:3)

Дополнително, постојат индиции и за натпреварот Башкими – Вардар Неготино од Втора МФЛ (24 март 2025).

Од ФФМ истакнуваат дека дел од документите се редактирани поради активни истраги и заштита на чувствителни податоци, и нагласуваат дека Федерацијата не е истражен орган, туку дејствува во координација со надлежните институции.

Случајот со натпреварот Кожуф – Башкими е веќе во судска постапка, па засега нема да се објавуваат детали.

ФФМ потврдува дека останува посветена на заштита на интегритетот на натпреварите во македонскиот фудбал.

CATEGORIES
Share This