СОБРАНИЕТО ЌЕ ДОБИЕ НОВО ЛОГО – Распишан јавен конкурс

Секој учесник има право да поднесе најмногу три идејни решенија за лого. Понудите треба да ги содржат главните елементи наведени во конкурсната документација, како и да ги исполнуваат утврдените критериуми.

СОБРАНИЕТО ЌЕ ДОБИЕ НОВО ЛОГО – Распишан јавен конкурс

Собранието на Репулика Македонија објави јавен конкурс за изработка на нов заштитен знак (лого), со цел да го модернизира и изедначи својот институционален визуелен идентитет. Новото лого треба да ги одразува националните вредности, како и мисијата и визијата на законодавниот дом – соопшти собраниската прес служба..​

Според условите на конкурсот, дизајнот на логото мора да биде уникатен и досега неупотребуван. Авторите се обврзани да обезбедат ексклузивност на дизајнот и да гарантираат дека нивното идејно решение нема да повредува какви било интелектуални права.​

Секој учесник има право да поднесе најмногу три идејни решенија за лого. Понудите треба да ги содржат главните елементи наведени во конкурсната документација, како и да ги исполнуваат утврдените критериуми.

​Предлозите што ќе пристигнат во Собранието ќе ги разгледува посебна комисија формирана од претседателот на Собранието. Рокот за доставување на предлозите е 45 дена од денот на објавување на Јавниот конкурс.

За повеќе информации и детали околу конкурсот, заинтересираните можат да ја посетат официјалната веб-страница на Собранието:

CATEGORIES
Share This