СЛОТ СО САРКАЗАМ ЗА ЧАБИ – Не, не, не… тоа е едно од најчудните прашања
Холандскиот стратег одговара на медиумските гласини и зборува за свирежите од навивачите

Ливерпул моментално е во серија од 12 натпревари без пораз, но шест од нив завршија нерешено, што ја става работата на Арне Слот под голем притисок. Црвените вечерва гостуваат кај Марсеј во Лигата на шампионите, а на прес-конференцијата неизбежни беа прашањата за иднината на холандскиот тренер и шпекулациите за Чаби Алонсо.
„Чаби Алонсо ми се јави и ми кажа дека ќе го преземе Ливерпул за шест месеци. Не, не, не… Ова е едно од најчудните прашања што некогаш сум ги добил. Што да кажам? Ја работам оваа работа веќе 18 месеци и ми се допаѓа. Освоивме титула во лигата, а оваа сезона имаме тешкотии, тоа е очигледно. Свирежите… можеби слушнав неколку, но не беа многу. И нормално е – кога ќе одиграш нерешено со Барнли, никој не е задоволен. Но, кога луѓето си заминале дома, емоциите се смириле и можеби сфатиле дека претерале“, рече Слот.
Јасно е дека изјавата за Чаби Алонсо беше саркастична, како одговор на медиумските шпекулации дека Шпанецот ќе стане новиот тренер на актуелниот англиски шампион.

