СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА БУГАРСКИ МИНИСТЕР Нема да ја екстрадираат Ива Михаилова, а Македонија, таму има „српска власт“

Бугарскиот министер Иван Демерџиев изјави дека нема да ја предадат 23-годишната девојка од Кочани, по која е распишана меѓународна потерница.

СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА НА БУГАРСКИ МИНИСТЕР Нема да ја екстрадираат Ива Михаилова, а Македонија, таму има „српска власт“
Фото: Принтскрин

Бугарија нема да ја екстрадира 23-годишната Ива Михаилова од Кочани, по која македонските власти распишаа меѓународна потерница, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.

Неговата изјава привлече дополнително внимание поради необичниот лапсус што го направи за време на интервјуто. Имено, Демерџиев, говорејќи за случајот, изјави дека Бугарија нема да ја предаде Михаилова на „српските власти“, иако девојката е барана од надлежните институции во Македонија.

Новинарот веднаш реагираше и побара појаснување дали станува збор за ненамерна грешка или за свесно употребена формулација.

Бугарскиот министер призна дека погрешил, но неговиот одговор дополнително го привлече вниманието, бидејќи оцени дека не станува збор за „толку голема грешка“.

Ива Михаилова е обвинета во врска со сообраќајна несреќа во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши.

Случајот предизвика реакции во јавноста откако се појавија информации дека Михаилова се наоѓа на територијата на Бугарија, додека македонските власти трагаат по неа преку меѓународна потерница.

Изјавата на Демерџиев отвора дополнителни прашања околу постапката за екстрадиција и односот на бугарските институции кон барањето на македонските власти.

ИВА ВО ПИРОГОВ Софија ќе ја штити и ќе истражува како ја поминала границата

CATEGORIES
Share This