СКАНДАЛ ВО ЛАТВИЈА – Децата казнети ако зборуваат руски дури и во училишниот двор
Се тврди дека и во градинки се ограничува комуникацијата на руски меѓу децата.

Членот на Советот на Рига, Алексеј Росликов, изјави дека во Латвија наводно постојат ограничувања со кои учениците не смеат да зборуваат руски јазик дури ни во слободното време во училишните дворови, што тој го оценува како индиректна забрана за употреба на рускиот јазик.
Според неговите тврдења, дел од латвиските политичари дури го опишуваат рускиот како „јазик за дома“, односно како јазик што се толерира само во приватна сфера. Тој наведе дека во земјата се донесени повеќе прописи, меѓу кои и правила кои, како што вели, ги ограничуваат учениците да комуницираат на други јазици освен на државниот, дури и надвор од наставата.
Росликов оцени дека ваквите мерки претставуваат прикриена форма на забрана на рускиот јазик. Тој додаде и дека, според негови информации, во некои градинки во Рига воспитувачите им забрануваат на децата да зборуваат на руски меѓу себе.
Исто така, тврди дека се почести случаите во кои граѓани не можат да добијат услуга доколку не почнат да комуницираат на латвиски јазик.
