СКАНДАЛ ТЕЖОК 800.000 ЕВРА – Поранешен министер повикан во полиција

Поранешниот министер тврди дека случајот е политички мотивиран и насочен кон дефокусирање од актуелните проблеми во земјата.

СКАНДАЛ ТЕЖОК 800.000 ЕВРА – Поранешен министер повикан во полиција
Фото: Принтскрин

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на информативен разговор во СВР Скопје, потврдија од МВР.

Според првичните информации, предметот се однесува на наводна злоупотреба при јавна набавка вредна над 800.000 евра, реализирана во периодот кога Николовски раководел со Министерството.

Николовски преку објава на Фејсбук ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека станува збор за „монтиран случај“ чија цел, според него, е да се дефокусира јавноста од актуелните проблеми и скандали.

„Не станува збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. Станува збор за монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“, напиша Николовски.

Во својата реакција, тој потсети на реформите спроведени за време на неговиот мандат, посочувајќи ги поддршката за нови семејни винарии, малите производители на храна и промоцијата на македонските вински брендови.

Истовремено, Николовски ја обвини актуелната власт за серија проблеми и скандали во земјоделскиот сектор, вклучително и случаи поврзани со ИПАРД програмата, Платежната агенција и Земјоделскиот инспекторат.

Да потсетиме, премиерот Христија Мицкосвки пред два месеци најави можни идни постапки против поранешни функционери. Од СДСМ тоа беше протлкувано како потенцијален политички притисок врз опозицијата за што лидерот на СДСМ Венко Филипче се пожали до Брисел.

ФИЛИПЧЕ ПАК ИСПРАТИ ЖАЛБА ДО БРИСЕЛ – Како тоа Мицкоски може да бара криминал и кај нас во СДСМ

CATEGORIES
TAGS
Share This