ФИЛИПЧЕ ПАК ИСПРАТИ ЖАЛБА ДО БРИСЕЛ – Како тоа Мицкоски може да бара криминал и кај нас во СДСМ
Изјавите за можни постапки против функционери претставени како закана за опозицијата.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во име на партијата испратил писма до Европска Унија, Европска комисија, Европски парламент, како и до известувачот за Македонија и амбасадорите на земјите членки, во кои се изразува загриженост за состојбите со владеењето на правото и поделбата на власта.
Во обраќањата се наведува дека подолг период постојат индиции за нарушување на демократските принципи, при што се посочува на наводно влијание на извршната власт врз независноста на судството. Според партијата, ваквите појави упатуваат на ризик од авторитарни тенденции.
Дополнително, се реферира и на изјави на премиерот Христијан Мицкоски поврзани со можни идни постапки против поранешни функционери, кои СДСМ ги толкува како потенцијален политички притисок врз опозицијата.
Во писмата се оценува дека ваквиот пристап може да го загрози демократскиот плурализам и да влијае врз независноста на институциите, особено на обвинителството и судството, со што се намалува довербата во правниот систем.
СДСМ бара реакција од европските институции и останува на ставот дека ќе продолжи да се залага за европскиот пат на државата, владеење на правото и почитување на демократските стандарди.
