СИТЕ ПРАВАТ ИСТА ГРЕШКА ПО ПОСТОТ – Докторите алармираат

По 48 дена пост, телото не е подготвено за шок и лекарите советуваат постепено враќање на исхраната.

СИТЕ ПРАВАТ ИСТА ГРЕШКА ПО ПОСТОТ – Докторите алармираат
Фото: Принтскрин

По завршувањето на долгиот Велигденски пост, експертите предупредуваат дека е потребна внимателност при враќањето на редовната исхрана, бидејќи често се јавуваат прејадување, мачнини, па дури и труење со храна.

Постот, кој траеше 48 дена, завршува ноќеска на полноќ, а лекарите апелираат граѓаните да не претеруваат, особено со мрсна храна и алкохол. Тие нагласуваат дека умерената и разновидна исхрана треба да биде навика, а не само препорака во одредени периоди.

Во првите денови по постот, изборот на намирници е од клучно значење. Наглото внесување на големи количини мрсна храна може да предизвика сериозни здравствени проблеми, па затоа се препорачува постепено воведување на потешка храна.

Исхраната треба да се базира на овошје и зеленчук, додека месото да се додава постепено. Особено внимание треба да се посвети на јајцата, како симбол на Велигден и се препорачува да не се консумираат повеќе од три дневно. Организмот обично се стабилизира по околу десет дена.

Велигденскиот пост се смета за најстрога форма на постење и покрај воздржувањето од мрсна храна и алкохол, подразбира и духовна дисциплина и воздржување од лоши мисли, зборови и дела.

CATEGORIES
Share This