СИНОТ НА РАТКО МЛАДИЌ Тато, по вторпат ја обедини српската нација (видео)
Дарко Младиќ им се заблагодари на присутните и со емотивен говор се прости од својот татко.

Дарко Младиќ, синот на поранешниот командант на Војската на Република Српска, генерал Ратко Младиќ, им се заблагодари на присутните за, како што рече, величественото испраќање на неговиот татко.
Во своето обраќање на погребот, Дарко Младиќ истакна дека неговиот татко, според него, ја обединил српската нација по вторпат и по својата смрт – првиот пат кога заминал да го брани народот, а вторпат денес, на неговото испраќање.
„Драг тато, кога те возев до хеликоптерот што те однесе во Книн, рече: ‘Дадов збор дека ќе ги бранам народот и земјата. Тоа е обврска и чест’“, рече Дарко Младиќ.
Тој во говорот се осврна и на детството и животниот пат на својот татко, нагласувајќи дека генералот бил борец кој, како што рече, секогаш победувал.
„Секој Србин мора да размисли како еден ден ќе се соочи со Лазар, а војникот и офицерот мора да се соочат и со Милош. Ти секогаш беше борец и победник“, истакна тој.
Дарко Младиќ раскажа дека неговиот татко бил роден во 1943 година, во текот на Втората светска војна, и дека како новороденче преживеал тешко заболување.
Тој потсети и дека Ратко Младиќ го загубил својот татко, Неѓо Младиќ, кој бил смртно ранет во борбите во завршницата на војната, во операцијата за ослободување на Сараево.
„Пред тоа, тој успеа да те крсти. Тој дојде од партизаните, а кумот дојде од четниците, и тие те крстија заедно. Тоа беше твојата сила. Ти сè уште не беше ни свесен, а веќе ги смируваше Србите“, рече Дарко Младиќ.
Тој додаде дека генералот Младиќ детството го поминал со својата мајка, сестрата Милица и браќата Миливој, Богдан и Марко.
БЕЛГРАД ДЕНЕС БЕШЕ ВО ЗНАКОТ НА МЛАДИЌ Погледнете како изгледаше неговото последно испраќање

