СИЛЕН ВЕТЕР ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА Налети над 60 километри на час, температури од -2 до 15 степени
Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат од УХМР, но и засилен северозападен ветер, кој во делови од земјава ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.

Фото: Национал
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Најсилни налети на ветерот се очекуваат долж поширокото Повардарие, каде што повремено брзината ќе надминува 60 километри на час.
Температурите ќе се движат во интервал од -2 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој во одредени делови од Скопската Котлина повремено ќе се засилува.
Според најавите на метеоролозите, ветерот ќе биде главната временска карактеристика во текот на денот.
CATEGORIES Македонија

