СИДНИ СВИНИ ЦЕЛОСНО ГОЛА ВО НОВА РЕКЛАМА Интернетот зовре, реакциите се жестоки
Актерката се соблече пред камерите, интимните делови ги покри со топки, а рекламата веднаш предизвика поделени реакции.

Сидни Свини повторно е во центарот на вниманието, овојпат поради новата провокативна реклама за нејзиниот бренд SYRN. Кампањата, која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, повторно ги подели мислењата на јавноста.
Актерката веќе подолго време е една од највпечатливите фигури во светот на филмот и модата. Покрај актерските ангажмани, големо внимание привлекуваат и нејзините промотивни кампањи, во кои често има провокативен визуелен пристап.
Овојпат Свини отиде чекор подалеку со рекламата за спортската платформа „Novig“. Во видеото таа се појавува без облека, додека интимните делови се прикриени со спортски топки.
„Мислиш дека се разбираш во спорт? Докажи го тоа“, вели Свини во рекламата.
Видеото беше објавено на официјалниот профил на платформата на Инстаграм, а реакциите пристигнаа речиси веднаш. Дел од корисниците остро ја критикуваа кампањата, а некои најавија дека повеќе нема да ја следат актерката.
„Добро, престанувам да те следам; фала што ми ја олесни одлуката“, напиша еден корисник.
Друг беше уште покритичен:
„Ја продаде душата на обложувалниците. Тоа е баш во твој стил, Сидни“.
Но, рекламата доби и голем број позитивни реакции. Дел од следбениците ја оценија како исклучително успешен маркетиншки потег.
„Ова е најдобрата реклама во историјата на спортот и обложувањето“, напиша еден од корисниците.
Друг, пак, порача:
„Ова дефинитивно е твоето најсекси снимање досега“.
Едно е сигурно И Свини повторно успеа да го привлече вниманието на јавноста, а рекламата за кратко време стана тема на бројни дискусии на интернет.

