ШВАЈЦАРСКИ ЗЕМЈОТРЕС Инфлацијата рипна од 0,8 на цели 1 отсто

Годишната инфлација во септември порасна на 1 отсто, поттикната главно од поскапувањето на горивата и слабеењето на франкот

ШВАЈЦАРСКИ ЗЕМЈОТРЕС Инфлацијата рипна од 0,8 на цели 1 отсто
Фото: Принтскрин

Годишната инфлација во Швајцарија во септември се зголеми на 1 отсто, од 0,8 проценти во август, што е највисоко ниво во последните две години, соопшти швајцарскиот завод за статистика.

На растот на цените најмногу влијаеле поскапите нафтени деривати и послабиот швајцарски франк. Сепак, инфлацијата во земјата и понатаму останува значително пониска во споредба со голем дел од Европа.

Цените на транспортот во септември пораснале за 3,6 отсто на годишно ниво, наспроти 2,7 отсто во август. Кај информатичките и комуникациските услуги растот се забрзал од 0,9 на 1,9 отсто.

Најголем скок е забележан кај нафтените деривати, чии цени биле повисоки за 31,2 отсто, додека енергијата и горивата поскапеле за 11,7 отсто.

Трошоците за домување и енергија пораснале за 2,2 отсто, а цените во рестораните и хотелите за 0,8 отсто на годишно ниво.

CATEGORIES
Share This