ШТО СЕ ПОДГОТВУВА ВО БЕЛАТА КУЌА Трамп разговараше со Зеленски, а веднаш потоа пристигна Нетанјаху
Во фокусот на разговорите биле одбранбената соработка меѓу САД и Украина, договорот за беспилотни летала и зајакнувањето на украинската противвоздушна одбрана.

Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп заврши, а веднаш потоа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигна во Белата куќа на разговор со Трамп, објавија светските медиуми.
Во фокусот на разговорите меѓу Трамп и Зеленски, според агенцијата „Укринформ“, биле развојот на одбранбената соработка меѓу САД и Украина, како и следните чекори кон постигнување договор за соработка во областа на беспилотните летала. Разговарано било и за зајакнување на украинската противвоздушна и противракетна одбрана во пресрет на зимскиот период.
По средбите, Трамп, Зеленски и Нетанјаху треба да присуствуваат на погребот на американскиот републикански сенатор Линдзи Греам.
Зеленски денеска треба да оствари средба и со финскиот претседател Александар Стуб, а планирани се и разговори со американски сенатори кои го поддржуваат законското заострување на санкциите против Русија.

