ШТО КРИЕЛ ЗАПЛЕНЕТИОТ БРОД ОД КИНА КОН ИРАН – Трамп одби да открие детали

САД тврдат дека имаат чувствителни информации поврзани со случајот.

ШТО КРИЕЛ ЗАПЛЕНЕТИОТ БРОД ОД КИНА КОН ИРАН – Трамп одби да открие детали
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не може да открие детали за материјалите пронајдени на брод кој бил пресретнат на пат од Кина кон Иран, опишувајќи ги како „строго доверливи“.

Тој пред новинарите во Овалната соба рече дека „на бродот имало одредени работи“, но нагласи дека тие информации не се за јавност.

На прашањето дали е незадоволен од Кина поради наводни обиди да ја заобиколи американската блокада кон Иран, Трамп одговори негативно, истакнувајќи дека и САД постапуваат слично во одредени случаи.

Тој дополнително го предупреди Иран да не поставува мини во Хормутскиот теснец, оценувајќи го таквиот потег како „многу лоша и опасна одлука“.

CATEGORIES
TAGS
Share This