ШОС УСВОИ ДЕКЛАРАЦИЈА Зајакнување на безбедноста и изградба на поправеден мултиполарен свет.

Лидерите на земјите-членки повикаа на почитување на суверенитетот, немешање во внатрешните работи и мирно решавање на споровите.

ШОС УСВОИ ДЕКЛАРАЦИЈА Зајакнување на безбедноста и изградба на поправеден мултиполарен свет.
Фото: Принтскрин

Лидерите на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС) усвоија заедничка декларација во која ја потврдија определбата за унапредување на регионалната безбедност, економската соработка и мирното решавање на меѓународните спорови.

Декларацијата беше усвоена во Бишкек, по повод 25-годишнината од формирањето на организацијата. Во документот се истакнува заложбата за создавање поправеден мултиполарен светски поредок, заснован на суверенитет, еднаквост и меѓусебно почитување.

Од ШОС нагласуваат дека организацијата не претставува воено-политички блок и не е насочена против други држави или меѓународни организации. Како нејзини основни принципи се наведуваат немешањето во внатрешните работи, почитувањето на суверенитетот и еднаквоста меѓу државите.

Во декларацијата е изразена и загриженост поради актуелната состојба со меѓународната безбедност, вооружените конфликти, енергетските и прехранбените предизвици, како и последиците од климатските промени.

Лидерите истовремено ја истакнаа потребата од зајакнување на улогата на Обединетите нации и почитување на меѓународното право во справувањето со глобалните предизвици.

CATEGORIES
Share This