ШОК ВО ПОДКАСТОТ Илиевски го отвори досието на Марјан Ѓуроски – Ова е голем срам

Во гостување во подкастот „НОВ АСНОМ“, поранешниот државен секретар за високо образование изнесе сериозни тврдења за Марјан Ѓуроски и неговото минато

ШОК ВО ПОДКАСТОТ Илиевски го отвори досието на Марјан Ѓуроски – Ова е голем срам
Фото: Принтскрин

Ѓорѓи Илиевски, виш просветен инспектор во пензија, во гостувањето во подкастот „НОВ АСНОМ“ изнесе сериозни обвинувања на адреса на професорот Марјан Ѓуроски. Според Илиевски, Ѓуроски бил лично назначен од Бранко Азески за претседател на Советот за унапредување на соработката меѓу високото образование и бизнис-заедницата. Илиевски оцени дека ваквото назначување на Ѓуровски претставува голем срам, повикувајќи се на сомнителни околности од неговото минато. Ѓуровски додека  бил ангажиран во кабинетот на тогашниот премиер Владо Бучковски во периодот 2005/2006 година, истовремено полагал испити кај професорката Билјана Ванковска со која дошол до сериозен конфликт бидејќи немал доволен капацитет да го совлада предметот „Политички систем“, бил фатен како препишува на испит и дека не успевал да го положи испитот.

Погледнете во видеото:

CATEGORIES
TAGS
Share This