ШЕЌЕРИНСКА АЛАРМИРА – Русија е најголемата закана и опасност за светот

Таа потсети на масовните руски напади врз цивилна инфраструктура во Украина и порача дека Алијансата мора да ја зајакне одбраната преку нови инвестиции и производство на оружје.

ШЕЌЕРИНСКА АЛАРМИРА – Русија е најголемата закана и опасност за светот
Фото: Принтскрин

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, во предавањето на Атлантскиот форум во Софија изјави дека Русија и тероризмот се најдиректните и долгорочни закани за безбедноста.

Таа потсети на масовните руски напади врз цивилна инфраструктура во Украина и порача дека Алијансата мора да ја зајакне одбраната преку нови инвестиции и производство на оружје.

„Без оглед на исходот на војната, Русија ќе остане дестабилизирачка сила во Европа и светот“, истакна Шекеринска.

Таа ги поздрави напорите на сојузниците и ја истакна поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната, како и силната улога на Бугарија, која веќе издвојува 2% од БДП за одбрана и планира да достигне 5% до 2035 година.

Шекеринска нагласи дека декларациите не се доволни без реални капацитети – артилерија, воздушна одбрана, тенкови и технологија. Според неа, до крајот на 2025 година ЕУ ќе произведува околу 2 милиони гранати годишно, што е шест пати повеќе од почетокот на војната.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, пак, подвлече дека изградбата на европскиот транспортен коридор 8 е стратешки важна за НАТО и регионот и најави нови проекти за модернизација на бугарската армија.

CATEGORIES
TAGS
Share This