СЕ ТРЕСЕ ФРАНЦИЈА Макрон свика итен состанок по масовните протести

До 450.000 демонстранти излегоа на улиците низ земјата, а францускиот претседател веднаш ги повика премиерот и клучни министри во Елисејската палата.

СЕ ТРЕСЕ ФРАНЦИЈА Макрон свика итен состанок по масовните протести
Фото: Принтскрин

Францускиот претседател Емануел Макрон свика состанок со повеќе министри во Елисејската палата по масовните протести што се одржаа низ Франција.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, на протестите низ земјата излегле околу 256.000 луѓе, од кои 56.000 во Париз. Синдикатите за образование, пак, ја проценуваат бројката на демонстранти на околу 450.000.

На состанокот, според најавите, ќе присуствуваат премиерот Себастијан Лекорни, министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез и министерот за национално образование Едуар Жефри.

Средбата во Елисејската палата доаѓа по масовниот одѕив на протестите, со што притисокот врз француската влада дополнително се зголемува.

CATEGORIES
TAGS
Share This