СЕ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Вашингтон и Европа со план што може да ја смени судбината на Киев и Москва

Мировниот предлог предвидува прекин на огнот на сегашната линија на фронтот, безбедносни гаранции за двете страни и голем договор за обнова на Украина, открива „Вашингтон пост“.

СЕ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМ ПРЕСВРТ ВО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Вашингтон и Европа со план што може да ја смени судбината на Киев и Москва
Фото: Принтскрин

Соединетите Американски Држави и европските партнери работат на заеднички мировен предлог за ставање крај на војната во Украина, кој опфаќа повеќе клучни прашања – од прекин на огнот и безбедносни гаранции до економска обнова и енергетска соработка.

Како што објавува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите, планот предвидува запирање на борбените дејства долж сегашната линија на фронтот, што би претставувало основа за понатамошни преговори меѓу Москва и Киев.

Предлогот вклучува и безбедносни гаранции за Русија и Украина, како и финансиски придобивки за двете земји, со цел да се создадат услови за постигнување поширок мировен договор.

Едно од најчувствителните прашања останува иднината на спорните територии, за кои се предвидува дополнително да се преговара.

Првата точка од планот се однесува на повоената обнова на Украина. Според информациите, преговарачите би побарале од украинските власти да изготват проценка на финансиските средства потребни за реконструкција на земјата.

Во предлогот е вклучен и енергетски договор, кој би бил дел од поширокиот пакет за стабилизација на односите.

Засега станува збор за мировна иницијатива во подготовка, а не за конечен договор прифатен од завојуваните страни.

CATEGORIES
TAGS
Share This