ТРАМП СО ПОРАКА ДО МОСКВА И ПЕКИНГ Ако му помагате на Иран, многу брзо ќе дознаеме
Американскиот претседател не верува дека Русија и Кина го поддржуваат Техеран – предупредува дека двете сили имаат премногу да загубат ако се вмешаат во војната.

Фото: Принтскрин
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти Русија и Кина му помагаат на Иран во војната, оценувајќи дека двете земји би ризикувале премногу доколку му дадат поддршка на Техеран.
„Ако го прават тоа, тоа е на многу ниско ниво, но јас воопшто не верувам дека го прават тоа. Тие имаат премногу да изгубат, а ние би знаеле за тоа, и тоа многу наскоро“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social.
Тој реагираше на тврдењата на своите критичари дека Москва и Пекинг му помагаат на Иран во конфликтот.
Трамп и претходно го изрази истиот став. Во јули изјави дека не очекува Русија и Кина да му помогнат на Техеран во војната, предупредувајќи дека евентуалното вмешување на двете сили би имало сериозни последици за нив.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест

