СЕ ЧЕКА ЕДЕН ЧАС НА БОГОРОДИЦА Големи гужви на границата, еве каде треба да внимавате

На ГП Богородица се чека околу еден час за излез од државата, додека АМСМ предупредува на можни одрони и изменет режим на сообраќај на неколку делници.

СЕ ЧЕКА ЕДЕН ЧАС НА БОГОРОДИЦА Големи гужви на границата, еве каде треба да внимавате
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информираат од АМСМ.

Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини. На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата. Посебна внимателност се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од појава на одрони.

Внимание се препорачува особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 17 август до 1 октомври 2026 година ќе има изменет режим на сообраќај пред наплатната станица Преод, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4“, на делницата Миладиновци – Свети Николе – Штип.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај. Патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тона.

CATEGORIES
Share This