ДО 36 СТЕПЕНИ, А ПОТОА ПРЕСВРТ Попладне локално невреме со дожд и грмежи
Температурите ќе се искачат до 36 степени, но во попладневните часови локално се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Фото: Национал
Денеска ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност и дневни температури од 15 до 36 степени. Во попладневните часови локално се очекува нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне во одделни делови од котлината има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
CATEGORIES Македонија

