НОВА БОРБА СО КОМАРЦИТЕ ВО СКОПЈЕ Вечерва 13-та дезинсекција, следуваат уште неколку третмани
На 20 август ќе има теренска, на 21 август авионска дезинсекција, а од 23 до 26 август повторно теренски третмани низ Скопје.

Градот Скопје продолжува со спроведување на мерките за сузбивање на комарците и заштита на јавното здравје, а вечерва ќе биде реализирана 13-тата дезинсекција против комарци во текот на оваа сезона. Станува збор за теренски третман насочен кон возрасните форми на комарци, додека од Градот најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредните денови.
Според најавениот распоред, на 20 август ќе се изврши теренска дезинсекција против возрасни комарци. На 21 август, во раните утрински часови, е планирана авионска дезинсекција, а од 23 до 26 август ќе се спроведува терестичен третман.
Од Град Скопје информираат дека сите активности се реализираат согласно Годишната програма, законските обврски и Елаборатот изготвен од Центарот за јавно здравје – Скопје, кој е одобрен од надлежните здравствени институции.
Во текот на сезоната досега се спроведени повеќе третмани и против ларвите и против возрасните форми на комарци.
Дезинсекција против ларви:
- 7 мај – авионска дезинсекција
- 11 јуни – авионска дезинсекција
- 26 јуни – теренска дезинсекција
- 10 јули – авионска дезинсекција
- 23 јули – теренска дезинсекција
- 11 август – теренска дезинсекција
Дезинсекција против возрасни форми:
- 1 и 2 јуни – авионска дезинсекција
- 18 и 20 јуни – теренска дезинсекција
- 27 и 28 јуни – авионска дезинсекција
- 13 и 15 јули – теренска дезинсекција
- 30 и 31 јули – авионска дезинсекција
- 4 и 6 август – теренска дезинсекција
Од Градот посочуваат дека до крајот на сезоната се планирани повеќе од 20 дезинсекции, со што, како што велат, треба да се обезбеди континуирана контрола на бројноста на комарците. Град Скопје додава дека мерките се спроведуваат според однапред утврдена динамика, со цел намалување на бројот на комарци и заштита на јавното здравје и благосостојбата на граѓаните.
ГРАД СКОПЈЕ ЗАПОЧНУВА СО ТЕРЕСТРИЧНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА Им доаѓа ли крај на комарците?

