СДСМ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ МИЦКОСКИ – Обвинувања за „политичка одмазда“
СДСМ тврди дека премиерот го злоупотребува влијанието врз правосудството за политички цели.

Опозициската СДСМ денеска поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, во која го обвинува за наводно уривање на Уставот и законите.
Според партијата, Мицкоски ги користи обвинителството и судството како средство за политичка пресметка. Тој додаде дека премиерот јавно таргетирал лица од опозицијата и нивните семејства со, како што рече, однапред подготвени обвиненија.
„Христијан Мицкоски повеќе не се крие и тој се однесува како обвинител и судија кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците. Неговото ‘имам чувство’ создава страв затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста“, велат од СДСМ.
Во пријавата се наведени три кривични дела: злоупотреба на службена положба, повреда на рамноправноста на граѓаните и загрозување на сигурноста. СДСМ бара Јавното обвинителство итно да го повика Мицкоски на распит.
