ФРАНЦИЈА ГИ ОТКАЧИ МАРК РУТЕ И УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈЕН – Скандал пред клучниот самит
Париз инсистира самитот да биде резервиран само за национални лидери, игнорирајќи ги клучните фигури на НАТО и ЕУ.

Франција одлучи да не ги покани генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на самитот за Хормутскиот теснец, со цел настанот да биде резервиран првенствено за национални лидери.
Одлуката, според „Фајненшл тајмс“, доаѓа и покрај предлогот од Велика Британија тие да присуствуваат. Париз двапати ги отстранил нивните имиња од листата на поканети, нагласувајќи го својот пристап самитот да има меѓудржавен, а не институционален карактер.
Самитот, кој ќе го организираат Франција и Велика Британија, ќе собере претставници од повеќе од 40 земји. Американскиот претседател Доналд Трамп нема да присуствува, но ќе биде информиран за заклучоците.
Средбата се одржува во чувствителен момент, по најавениот прекин на огнот меѓу САД и Иран, кој засега не донесе конкретни резултати, додека новите тензии околу поморскиот сообраќај во Хормутскиот теснец дополнително ја усложнуваат ситуацијата.
