СДСМ ЌЕ ИСКЛУЧИ ОД ПАРТИЈАТА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНА КАРПОШ Тошановски гласал за членот на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседател на Советот
Од СДСМ велат дека со тоа тој го прекршил Статутот, гласал спротивно на интересите на партијата и ѝ нанел штета.

СДСМ започнува постапка за исклучување на советникот Радослав Трошановски од Општина Карпош, бидејќи на 13 ноември гласал за избор на Христо Саракинов од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Советот – спротивно на партиските ставови. Од СДСМ велат дека со тоа тој го прекршил Статутот, гласал спротивно на интересите на партијата и ѝ нанел штета.
Партијата ги осуди, како што наведува, притисоците и уцените од ВМРО-ДПМНЕ кон советници на локално ниво и најави мерки за нивна заштита.
CATEGORIES Македонија


