САМО СИГНАЛ ОД САД ФАЛИ – Планот е спремен, Израел подготвен за напад што ќе ги сруши темелите на Иран
Кац тврди дека целите се веќе обележани, следи нова фаза на конфликтот.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел е подготвен да продолжи со воени операции против Иран, но чека „зелено светло“ од САД за потенцијални нови напади.
Во рамки на безбедносна проценка, Кац нагласи дека израелската армија е целосно подготвена и за одбрана и за офанзива, со веќе утврдени цели.
Тој посочи дека Израел очекува одобрение од САД за, како што рече, „завршување на елиминацијата на династијата Хаменеи“, која ја обвини дека стои зад планови насочени против Израел. Според него, меѓу потенцијалните цели се и клучни енергетски и инфраструктурни објекти во Иран, со цел да се ослаби економијата на земјата.
Кац додаде дека евентуалниот нов напад би бил поразличен и многу поразорен од претходните, насочен кон најчувствителните точки на иранскиот систем, со цел да се разнишаат неговите темели.
