САМО 8 СЕЛЕКЦИИ ОСТАНАА ВО БОРБАТА ЗА СВЕТСКАТА КРУНА Познати сите четвртфинални двојки на СП 2026

До крајот на Мундијалот остануваат уште само осум натпревари и следуваат највозбудливите дуели.

САМО 8 СЕЛЕКЦИИ ОСТАНАА ВО БОРБАТА ЗА СВЕТСКАТА КРУНА Познати сите четвртфинални двојки на СП 2026
Фото: Принтскрин

Со победите на Аргентина над Египет и на Швајцарија против Колумбија по изведување пенали, официјално е комплетирана осминафиналната фаза на Светското првенство 2026. Познати се сите четвртфинални пресметки на турнирот. Во битката за пласман меѓу најдобрите осум селекции останаа шест европски репрезентации, една африканска и една јужноамериканска, што уште еднаш ја потврдува силната позиција на европскиот фудбал на светската сцена.

Четвртфиналните двојки се:

  • Франција – Мароко (9 јули, 22:00 часот)
  • Шпанија – Белгија (10 јули, 21:00 часот)
  • Норвешка – Англија (11 јули, 23:00 часот)
  • Аргентина – Швајцарија (12 јули, 03:00 часот)

По завршувањето на осминафиналните дуели, среда е првиот ден без натпревар на Мундијалот. До овој момент се одиграни 96 средби, а до крајот на шампионатот остануваат уште осум натпревари – четири четвртфиналиња, двете полуфинални пресметки, дуелот за третото место и големото финале.

Четвртфиналето ќе го отворат Франција и Мароко во Фоксборо, по што следниот ден во Инглвуд ќе се соочат Шпанија и Белгија. Победниците од овие два натпревари ќе се борат за место во финалето. Во сабота следува големото европско дерби меѓу Норвешка и Англија на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, а последниот четвртфинален натпревар ќе биде дуелот меѓу Аргентина и Швајцарија на стадионот „Ероухед“.

Средбата меѓу Аргентина и Швајцарија ќе биде и последниот натпревар на Светското првенство кој ќе се игра во доцниот ноќен термин според средноевропско време.

РАЈ ОД 250 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – САД го гради најмоќниот тренинг центар пред Мундијалот

CATEGORIES
Share This