КАЈА КАЛАС СО НОВА ПОРАКА ЗА НАТО Украина мора да добие повеќе поддршка, фронтот може да се смени

Европската претставничка бара зголемување на воената поддршка за Киев, додека Москва најавува продолжување на операциите до исполнување на своите цели.

КАЈА КАЛАС СО НОВА ПОРАКА ЗА НАТО Украина мора да добие повеќе поддршка, фронтот може да се смени
Фото: Принтскрин

Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, порача дека НАТО треба да се фокусира на потребите на Украина за самоодбрана, со цел, како што наведе, да се промени динамиката на боиштето во корист на Киев. Калас преку објава на социјалната мрежа X истакна дека поддршката за Украина ќе биде една од главните теми на претстојниот самит на НАТО во Анкара.

„Ќе се фокусираме и на потребите на Украина за самоодбрана. Динамиката на борбените операции се движи во корист на Киев“ – напиша Калас.

Таа додаде дека лидерите на НАТО ќе ја потврдат понатамошната поддршка за Украина со цел зајакнување на нејзината позиција.

„Наш приоритет на самитот ќе биде претворањето на растечките буџети за одбрана во вистинска воена моќ за нашата колективна одбрана “- посочи шефицата на европската дипломатија.

Во меѓувреме, Москва порача дека воените операции ќе продолжат доколку не се постигне мировно решение. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ќе продолжи со, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ сè додека не бидат исполнети нејзините цели.

Рускиот Генералштаб неодамна го информираше Путин дека руските сили ја презеле контролата врз Константиновка во Доњецката област. Путин оцени дека овој потег претставува важен чекор за понатамошното напредување кон Славјанск и Краматорск.

КАЛАС СО ИЗНЕНАДУВАЧКА ЛИСТА Сите Руси кои учествувале во војната под санкции

CATEGORIES
Share This