САД ЈА ЗЕМААТ ПОЛОВИНАТА ОД ВЕНЕЦУЕЛСКАТА НАФТА Што се случува зад новото енергетско партнерство
Венецуела произведува 1,25 милиони барели дневно, а над 500.000 барели завршуваат во американските рафинерии, додека САД ѝ испорачуваат лесна нафта за полесно производство.

Околу половина од нафтата што моментално ја произведува Венецуела се извезува во Соединетите Американски Држави, изјави заменик-министерот за енергетика на САД, Кајл Хауствеит. Според него, Венецуела во моментов произведува околу 1,25 милиони барели нафта дневно.
Хауствеит на настан во Хјустон посочи дека во изминатите неколку месеци во САД биле испорачувани повеќе од 500.000 барели венецуелска нафта дневно. Тој објасни дека суровината се насочува кон американски рафинерии кои се прилагодени за преработка на ваков тип нафта.
Истовремено, САД дневно извезуваат повеќе од 100.000 барели лесна нафта во Венецуела. Таму таа се меша со тешката венецуелска сурова нафта, со цел да се олесни нејзиното производство и преработка.
Хауствеит ја опиша размената како енергетско партнерство што има економска логика, особено поради географската близина на двете земји.
„Тоа е прекрасно енергетско партнерство. Има смисла со оглед на растојанието. Работиме на отворен пазар. Вистинската вредност се создава од двете страни на трговијата“, изјави тој.
Американскиот функционер, според Хина, го истакна и напредокот што го постигнала Венецуела, додавајќи дека договорите меѓу двете страни ќе бидат почитувани.
САД НАПАЃААТ, НО НАФТАТА ОПСТОЈУВА – Венецуела без удар врз бунарите

