РУТЕ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА ДО МОСКВА – НАТО ќе го брани секој сантиметар од Полска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ја потврди подготвеноста на Алијансата да ја брани Полска, откако Варшава соопшти дека три објекти, за кои се верува дека се две ракети и беспилотно летало, го нарушиле нејзиниот воздушен простор.

РУТЕ СО ЖЕСТОКА ПОРАКА ДО МОСКВА – НАТО ќе го брани секој сантиметар од Полска
Фото: Принтскрин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, упати силна порака за поддршка на Полска, гарантирајќи дека Алијансата ќе го брани секој сантиметар од нејзината територија. Изјавата следува по пријавениот инцидент со нарушување на полскиот воздушен простор од страна на три објекти за кои се сомнева дека потекнуваат од Русија.

„Можам да гарантирам дека НАТО ќе брани секој сантиметар од полската територија“, изјави Руте во Варшава, пренесе полската новинска агенција ПАП.

Тој истакна дека командантот на сојузничките сили на НАТО во Европа, генералот Алексус Гринкевич, ќе ги преземе сите неопходни мерки за идентификување на потенцијалните закани за одбранбените и одвраќачките капацитети на Алијансата. Руте посочи дека, доколку анализите покажат потреба, ќе бидат направени и соодветни приспособувања на одбранбените мерки.

Изјавата доаѓа еден ден откако полските власти соопштија дека три објекти го нарушиле воздушниот простор на земјата. Според првичните информации, станува збор за две ракети и едно беспилотно летало, за кои постојат сомневања дека се поврзани со Русија.

Инцидентот дополнително ги зголеми безбедносните тензии на источниот крил на НАТО и ги засили повиците за внимателно следење на воздушниот простор и зајакнување на одбранбените капацитети на Алијансата.

CATEGORIES
Share This