ПОРАДИ ПОСЕТАТА НА ЕДИ РАМА Денеска посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга, еве кои патишта се опфатени
Опфатени се патниот правец од Ќафасан преку Струга до Подмоље и вилата „Охрид“, како и делницата од охридскиот аеродром до вилата.

Фото: Принтскрин
Поради официјалната посета на албанскиот премиер Еди Рама, денеска во Охрид и Струга важи посебен сообраќаен режим и засилени безбедносни мерки, информираат од СВР Охрид. Посебниот режим стапи во сила во 6 часот наутро и ќе трае до 17 часот, во периодот додека трае посетата и безбедносните активности.
Измените во сообраќајот се однесуваат на патниот правец од граничниот премин Ќафасан, преку Струга до селото Подмоље и вилата „Охрид“.
Посебен режим е воспоставен и на делницата од аеродромот „Св. апостол Павле“ до вилата „Охрид“.
Од СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници, како и навреме да ги приспособат своите маршрути за движење за да избегнат застои и непотребно задржување.
CATEGORIES Македонија

