РУБИО НАЈАВУВА ПЛАН Б – САД нема да молчат ако Иран го блокира Хормут

Вашингтон предупредува на можен нов конфликт доколку се ескалира ситуацијата во Ормутскиот теснец

РУБИО НАЈАВУВА ПЛАН Б – САД нема да молчат ако Иран го блокира Хормут
Фото: Принтскрин

Американскиот државен секретар Марко Рубио по состанокот на министрите на НАТО во Шведска изјави дека САД не побарале конкретна помош од Алијансата во врска со Хормутскиот теснец, но нагласи дека е неопходен „план Б“ доколку Иран продолжи да одбива повторно отворање на оваа клучна поморска рута.

Тој предупреди дека Иран наводно се обидува да воспостави систем на наплата за премин низ теснецот, што, според него, е неприфатливо за меѓународната заедница.

Рубио додаде дека се прават обиди и други држави, меѓу кои и Оман, да бидат вклучени во таков систем, но истакна дека „нема земја во светот што треба да го прифати тоа“, освен Иран.

Зборувајќи за состанокот во НАТО, тој им се заблагодари на шведските домаќини и оцени дека станува збор за подготовка за, како што рече, еден од најважните идни самити на Алијансата. Според него, односите меѓу САД и дел од сојузниците бараат дополнителни политички разговори, особено поради различните ставови околу операциите на Блискиот Исток.

Тој нагласи дека САД остануваат посветени на глобалните воени обврски, но дека постојано се прави ревизија на распоредот на американските трупи во рамки на новите безбедносни приоритети.

Рубио посочи и дека една од клучните области за идната соработка во НАТО е одбранбената индустрија, предупредувајќи дека сегашното производство на муниција не е доволно за идните потреби на Алијансата.

Во однос на Иран, тој рече дека постои одреден напредок во тековните разговори, но повтори дека основната позиција на САД останува непроменета и Иран не смее да поседува нуклеарно оружје, што подразбира решавање на прашањето за збогатување ураниум.

Тој исто така се осврна на иницијатива во Обединетите нации поддржана од повеќе земји-членки, нагласувајќи дека некои држави размислуваат да стават вето, што би било, според него, негативен развој на настаните.

Рубио заклучи дека систем на наплата на патарина во Хормутскиот теснец би бил опасен преседан, предупредувајќи дека доколку се дозволи таква практика таму, таа би можела да се прошири и на други стратешки поморски точки во светот.

CATEGORIES
Share This