РУСИТЕ ОБВИНУВААТ, КИЕВ ВОЗВРАЌА – Не гаѓавме цивили, туку елитна руска единица
Украинскиот Генералштаб ги обвини руските медиуми за ширење „манипулативни информации“ за нападот во Луганск.

Украинскиот Генералштаб денес ги обвини руските медиуми за ширење „манипулативни информации“, откако Москва тврдеше дека украинските сили нападнале цивилни објекти во окупираниот Лугански регион. Киев категорично негира дека мета било училиште, посочувајќи дека вистинската цел бил штаб на руската специјална единица „Рубикон“ во близина на Старобилск.
„Вооружените сили на Украина дејствуваат исклучиво против воена инфраструктура и објекти што се користат за воени цели, во согласност со меѓународното хуманитарно право“, соопшти украинскиот Генералштаб преку Фејсбук, пренесе Укринформ.
Според украинската страна, во текот на ноќта биле погодени повеќе руски воени цели, меѓу кои рафинерија за нафта, магацини за муниција, системи за противвоздушна одбрана, командни пунктови и непријателски персонал. Меѓу целите, како што наведуваат од Киев, бил и еден од штабовите на единицата „Рубикон“ на територијата на окупираниот Лугански регион.
