ОДЛУКА ШТО ГО ТРЕСЕ ТРАНСПОРТОТ – Падна тендерот за 150 електрични автобуси

Државната комисија ја поништи јавната набавка за електрични автобуси и полначи.

ОДЛУКА ШТО ГО ТРЕСЕ ТРАНСПОРТОТ – Падна тендерот за 150 електрични автобуси
Фото: Принтскрин

Министерството за транспорт соопшти дека Државната комисија за жалби по јавни набавки донела одлука за поништување на тендерот за набавка на електрични автобуси и полначи.

Од Министерството велат дека постапката ќе биде повторно објавена во најкус можен рок, во согласност со законските процедури.

Во рамки на тендерот, објавен во февруари годинава, беше предвидена набавка на 150 електрични автобуси и 75 полначи. Според планот, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, додека 50 ќе бидат распределени на општините.

Во меѓувреме, на пазарите се забележуваат промени и цените на нафтата растат, додека цените на бензинот и златото бележат пад.

CATEGORIES
Share This