РЕЧИСИ СИГУРНО – Мурињо се враќа во Реал

По разочарувачка сезона без трофеј, Реал Мадрид подготвува голем пресврт на клупата.

РЕЧИСИ СИГУРНО – Мурињо се враќа во Реал
Фото: Принтскрин

Португалскиот стратег Жозе Мурињо повторно е во центарот на вниманието на шпанските медиуми, а сè повеќе извори тврдат дека неговото враќање на клупата на Реал Мадрид е речиси завршена работа.

По турбулентна сезона без освоен трофеј и бројни проблеми во соблекувалната, претседателот Флорентино Перез наводно се одлучил за промена со цел да ја врати стабилноста, авторитетот и редот во тимот. Изборот паднал токму на Мурињо.

Со тоа, Португалецот би се вратил на „Сантијаго Бернабеу“ по повеќе од една деценија, откако претходно го водеше клубот од 2010 до 2013 година.

Во Мадрид сметаат дека Мурињо е тренерот што може да ја смири напнатата атмосфера во соблекувалната и да воведе поголема дисциплина меѓу ѕвездите на тимот. Во последните недели, клубот е потресен од приказни за внатрешни конфликти, поделби и незадоволство.

Според информациите, Мурињо би добил и значајни овластувања во спортската политика, вклучително и влијание врз летните трансфери. Се најавуваат и сериозни промени во играчкиот кадар, при што неколку фудбалери би можеле да заминат.

Во неговиот прв мандат, Мурињо го предводеше Реал на 178 натпревари и освои Примера, Купот на кралот и шпански Суперкуп. Иако не успеа да стигне до титулата во Лигата на шампионите, во клубот се смета дека токму тој го поставил темелот за подоцнежните европски успеси.

Според истите извори, официјалната потврда може да следува веднаш по завршувањето на сезоната.

МУРИЊО НА ЧЕКОР ДО РЕАЛ – Ова се условите за негово враќање во Кралскиот клуб

CATEGORIES
Share This