РАСПРОДАДЕНО ДО ПОСЛЕДНО МЕСТО – „Поточиња“ ја крена на нозе Национална опера и балет
Публиката воодушевена од 17 нови песни и спектакуларна ЛЕД продукција.

Фото: Принтскрин
Изминатиот викенд (18 и 19 април), во Национална опера и балет се одржа 23-тото издание на детскиот фестивал Поточиња, кое привлече голем број посетители и донесе шест целосно распродадени претстави.
Публиката уживаше во 17 нови песни, надополнети со анимирани видеа и современа ЛЕД сценска технологија. Посебна енергија на настанот му даде ликот Поки, кој го толкува актерот Мартин Јорданоски, преку интерактивна комуникација со најмладите.
Фестивалот понуди богата програма инспирирана од детскиот свет, а заврши со топлата порака „Ве сакаме!“. Новите песни веќе се достапни на официјалниот Јутјуб канал на „Поточиња“.
CATEGORIES Култура
