ЕДЕН Е ЖИВОТОТ Додека му се суди за Еуростандард банка, Трифун Костовски во луксузниот Ровињ

Бизнисменот деновиве престојува во хрватското летувалиште, додека против него продолжува судската постапка поврзана со затворената банка.

ЕДЕН Е ЖИВОТОТ Додека му се суди за Еуростандард банка, Трифун Костовски во луксузниот Ровињ
Фото: Принтскрин

Бизнисменот Трифун Костовски, кој е опфатен со обвинение во случајот поврзан со затворањето на Еуростандард банка, деновиве престојува во хрватскиот туристички бисер Ровињ.

Фотографии од престојот во популарното летувалиште на социјалните мрежи сподели Јасна Петков Костовска, која го одбележа својот 52. роденден.

„52 🥂 Прекрасен незаборавен ден… Ви благодарам на сите мои прекрасни драги пријатели за вашите прекрасни мисли и желби… Со најголеми поздрави од прекрасниот Ровињ… Да имаме вистински и искрени пријатели е најголемото богатство што можеме да го имаме“, напиша Петков Костовска.

Ровињ, кој се смета за една од најатрактивните и поскапи дестинации на хрватскиот Јадран, е познат по луксузните сместувачки капацитети и туристичката понуда.

Во исто време, против Костовски продолжува судската постапка по обвинението на Јавното обвинителство поврзано со случајот „Еуростандард банка“. За делата што му се ставаат на товар е предвидена затворска казна, а за евентуалната одговорност и висината на казната ќе одлучи надлежниот суд.

CATEGORIES
TAGS
Share This