ПУТИН СТИГНА ВО ШЕНЖЕН И ВЕДНАШ СЕДНА НА МАСА СО СИ ЏИНПИНГ Што договорија двајцата лидери

Рускиот и кинескиот претседател разговараа на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен за билатералните односи и меѓународната ситуација.

ПУТИН СТИГНА ВО ШЕНЖЕН И ВЕДНАШ СЕДНА НА МАСА СО СИ ЏИНПИНГ Што договорија двајцата лидери
Фото: Принтскрин

Рускиот претседател Владимир Путин рано утрово пристигна во кинескиот град Шенжен, каде што се одржува самитот на АПЕК, а веднаш потоа оствари средба со кинескиот претседател Си Џинпинг, објавија руските и кинеските медиуми.

Средбата се одржала на маргините на самитот, при што двајцата лидери разговарале за развојот на билатералните односи и актуелната меѓународна ситуација, пренесува РИА Новости.

За време на разговорот, Путин истакнал дека партнерството меѓу Русија и Кина во надворешната политика функционира стабилно.

Средбата доаѓа во период на засилени геополитички тензии и ја потврдува важноста што Москва и Пекинг ја придаваат на меѓусебната политичка координација и билатералната соработка.

CATEGORIES
Share This