ПУТИН ОБВИНИ ЗА ТЕРОРИЗАМ Детски автобус цел на украински напад, една жртва и повеќе повредени
Кремљ тврди дека автобус со детски фудбалски тим од Белорусија бил нападнат во регионот Брјанск, при што загинала една жена, а Путин наредил итна помош за повредените.

Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин наредил итни мерки за помош на повредените по нападот со беспилотни летала врз автобус во регионот Брјанск, за кој Москва ја обвинува Украина.
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, Путин разговарал со министерот за здравство Михаил Мурашко и побарал да се обезбеди неопходна медицинска помош за сите повредени.
Руските власти тврдат дека автобусот превезувал детски фудбалски тим од Белорусија и дека бил погоден во близина на Брјанск. Во нападот загинала жена која го придружувала тимот.
Според руските медиуми, станува збор за Викторија Гороско од Белорусија, која зад себе оставила две ќерки. Информацијата ја потврдил нејзиниот поранешен сопруг во изјава за RT.
Украинските власти засега не се огласиле во врска со наводите за нападот.


