ПУКНА ДИПЛОМАТСКА БОМБА Песков до Зеленски – дојди во Москва, Путин те чека

Дали се отвора пат кон први директни разговори меѓу лидерите?

ПУКНА ДИПЛОМАТСКА БОМБА Песков до Зеленски – дојди во Москва, Путин те чека
Фото: Принтскрин

Рускиот претседателски портпарол Дмитриј Песков изјави дека Кремљ го видел отвореното писмо на украинскиот претседател Владимир Зеленски до рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека Зеленски може да дојде во Москва во секое време доколку сака да се одржи средба со Путин.

„Го прочитав писмото. Претседателот Путин рече дека, доколку Зеленски сака разговори, може да дојде во Москва и таму да ги води“, изјави Песков, пренесува ТАСС.

Од друга страна, Зеленски во своето отворено писмо до Путин наведува дека не е подготвен да патува во Русија за преговори. Тој порача дека е подготвен за средба, но во трета земја.

„Предлагам средба со вас. Сите ги слушнаа вашите претставници како се смеат и велат дека можам да дојдам во Москва. Но, украинскиот лидер нема што да прави во вашиот главен град, исто како што рускиот лидер нема што да прави во Киев“, порача Зеленски.

Тој додава дека е подготвен состанокот да се одржи во неутрална земја како Швајцарија, Турција или во некоја од арапските држави, пренесува „Известија“.

Зеленски во писмото предложи и јасно дефинирање на датум за средбата, нагласувајќи дека е потребна итна организација на состанок на лидерско ниво со меѓународно посредништво. Тој истакна дека Украина е подготвена за целосен прекин на огнот за време на преговорите и за директен дијалог меѓу лидерите.

CATEGORIES
TAGS
Share This