ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ Седумнаесетгодишник со пушката на татко му рани две вработени жени, се истражува како дошол до оружјето

Едната жена била погодена од куршум, додека другата се здобила со повреди од парчиња стакло. Благодарение на тоа што учениците и наставниците биле во училниците, избегната е поголема трагедија.

ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ ВО КРАГУЕВАЦ Седумнаесетгодишник со пушката на татко му рани две вработени жени, се истражува како дошол до оружјето

Седумнаесетгодишен ученик од завршна година отворил оган со пушка во Првото техничко училиште во Крагуевац, при што биле повредени две вработени жени. Инцидентот се случил во 8 часот наутро, за време на првиот час.

Едната жена била погодена од куршум, додека другата се здобила со повреди од парчиња стакло. Благодарение на тоа што учениците и наставниците биле во училниците, избегната е поголема трагедија.

Според првичните информации, ученикот ја користел пушката со мал калибар што му припаѓала на неговиот татко. Полицијата истражува како дошол до оружјето и муницијата, дали тие биле соодветно обезбедени и дали станува збор за легално поседувана пушка.

Доколку се утврди дека таткото несовесно го чувал оружјето, тој може да се соочи со кривична одговорност и затворска казна.

Истражителите ги проверуваат безбедносните камери за да го реконструираат движењето на ученикот до училиштето. Директорот соопшти дека момчето претходно немало проблематично однесување, ниту биле пријавени инциденти.

Мотивите за пукањето сè уште се утврдуваат.

CATEGORIES
TAGS
Share This