ДРАМА ДО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА Бразил ја скрши Јапонија со гол во 95. минута

Трилер натпревар со три гола, многу шанси и неверојатна завршница, Бразил продолжува понатаму.

ДРАМА ДО ПОСЛЕДНА СЕКУНДА Бразил ја скрши Јапонија со гол во 95. минута
Фото: Принтскрин

Бразил и Јапонија одиграа возбудлив натпревар со многу пресврти, шанси и драма, а конечниот резултат 2:1 го однесе големиот фаворит во следната фаза. „Кариоките“ до победата стигнаа дури во судиското продолжение, кога Мартинели во 90+5. минута ја затресе мрежата за огромна радост на својот тим.

Јапонија долго време му создаваше проблеми на Бразил и по првото полувреме имаше предност од 0:1. Голот беше дело на Сано во 29. минута, кој со вистинско ремек-дело го шокираше бразилскиот состав и донесе еуфорија кај „Самураите“.

Бразил очекувано започна офанзивно, со поголем посед на топката и иницијатива, но нападите во првиот дел не донесоа резултат. Наместо тоа, Јапонија ја искористи својата шанса и на пауза замина со минимално водство.

Во продолжението следуваше силен притисок од страна на Бразил. Големиот фаворит конечно израмни во 56. минута преку Каземиро, по што следуваа нови налети кон голот на Јапонија. Само неколку минути подоцна Винисиус можеше целосно да го сврти резултатот, но неговиот удар заврши во стативата.

Голманот на Јапонија, Сузуки, беше еден од најзаслужните што неговата репрезентација остана во игра до самиот финиш, со неколку одлични интервенции.

Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши нерешено, Бразил пронајде начин да стигне до победата. Во 90+5. минута Мартинели погоди од левата страна и го испрати својот тим во осминафиналето по голема борба против упорната Јапонија.

CATEGORIES
Share This