ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ Вработените во Паркови и зеленило без плата и лекови
Од Синдикатот додаваат дека побарале средба со раководството на претпријатието, но досега не добиле никаков одговор.

Фото: Национал
Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и во поврзаните фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска излегоа на протест, блокирајќи го мостот „Гоце Делчев“. Причината е неисплатената августовска плата и фактот што од денес остануваат без здравствено осигурување.
„Очекувавме вчера да добиеме плата, но тоа не се случи. Од денеска нашите колеги немаат здравствено осигурување и не можат да ја земат потребната терапија. Особено е трагично што меѓу нив има лица со онколошки заболувања“, изјави Стојанче Кашиковски, претседател на Синдикатот СУТКОЗ.
Од Синдикатот додаваат дека побарале средба со раководството на претпријатието, но досега не добиле никаков одговор.
CATEGORIES Македонија


